Мугуруза првпат во кариерата го освои Завршниот ВТА турнир

Од:

Шпанската тенисерка Гарбиние Мугуруза победи на Завршниот ВТА турнир во Гвадалахара, Мексико.

Таа ноќеска во финалето ја победи Естонката Анет Контавеит со резултат 6:3, 7:5. Мечот траеше 1 час и 39 минути.

За 28-годишната Мугуруза ова е прва победа на Завршниот турнир во кариерата. Во 2015 година Шпанката стигна до финалето на Завршниот турнир во двојки. Покрај тоа, таа стана првата тенисерка од Шпанија која го освоила овој турнир во сингл.

Наградниот фонд на турнирот во Мексико изнесуваше пет милиони долари.

Мугуруза е победник и на два Грен слем турнири во сингл (Ролан Гарос 2016 и Вимблдон 2017).

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он