Мудрик шокиран – Шахтјор бара отштета од 100 милиони евра

Од:

Микхајло Мудрик е најголемиот талент на украинскиот фудбал. Интересот за него не го кријат врвните европски клубови, а се шпекулира дека Арсенал ќе се обиде да го донесе во Лондон во зимскиот преоден рок.

Арсенал, доколку сака да го реализира трансферот на Мудрик, ќе мора да го собори клупскиот рекорд. Имено, Шахтјор за талентираниот фудбалер бара 100.000.000 евра.

Откако Шахтјор објави за која сума ќе му дозволи на Мудрик да го напушти клубот, се огласи и фудбалерот.

„Кога дознав колку пари сакаат за мене, не бев изненаден, бев шокиран. Имам договор на неколку години овде, давам сè од себе. Секој сонува игра во најголемите клубови во светот и во најсилните првенства во светот. Јас не сум исклучок“, рече Мудрик и продолжи:

„Сигурен сум дека никој нема да купи играч од оваа лига за 100 милиони евра. Нема да кријам дека сум многу вознемирен поради сето тоа. Тоа е премногу. Нема да кажам дека моите соништа се уништени, но сега се е разнишано“, заклучи Мудрик.

Останува да видиме дали Шахтјор ќе му излезе во пресрет на својот фудбалер и ќе ја намали сумата што ја бара за него.

Би можело да ве интересира

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

Горан Наумовски

Арсенал се сопна дома против Брентфорд