МТКФ на куп „Неа Флогита 2019“

Од:

Во организација на Македонската традиционална карате федерација, од 18-22 јуни 2019 година ќе се одржи Летниот традиционален карате камп и куп Неа Флогита 2019 на Халкидики, Грција.

Семинарот ќе го водат Венцислав Недев 9 дан, Дејан Недев 6 дан, Аљоша Недев 6 дан и Јадранка Недева 5 дан, повеќекратни европски и светски шампиони во традиционално карате.

– На семинарот учество ќе земат повеќе каратисти од Македонија, Грција и Србија. Собирот во Неа Флогита ќе се искористи и за реализација на првите подготовки пред претстојното Светско првенство во декември во Куритиба, Бразил, информираат од МТКФ.

На крај од семинарот ќе се одржи и полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот меѓународен турнир Неа Флогита 2019.

Би можело да ве интересира

Каратистот Спасеновски со две медали на европското универзитетско првенство во Загреб

Заборски ги соопшти имињата на каратистите кои ќе настапат на Европските Универзитетски игри во боречки спортови

Ана Ололовска

Златен медал за Анѓела Мојсовска на Светскиот куп во Умаг

Ана Ололовска

Каратистите на Карате клубот Макпетрол на турнир од Светската карате лига за младинци во Хрватска

Павлов без медал од Европските игри

Ана Ололовска

Дејан Недев европски шампион во кати

Ана Ололовска