Можно одложување на Ролан Гарос

Од:

Француските власти најавија можност тенискиот грен-слем турнир Ролан Гарос во Париз втора година по ред да не се одржи во традиционалниот мајски термин поради пандемијата на коронавирус.

-Во разговори сме со Француската тениска федерација за да видиме дали треба да го менуваме датумот за Ролан Гарос. Иако врвниот спорт во Франција засега е сочуван, се обидуваме да ги ограничиме ризиците за ширење на вирусот во професионалниот спорт, изјави француската министерка за спорт Роксен Марасинен за националното радио.

Франција вчера влезе во третиот национален карантин во обид да се спречи масовно ширење на коронавирусот, но професионалните спортови, засега, се изземени од санкции. Исклучок беше само еднодневната велосипедска трка Париз – Рубе, што беше откажана.

Роланд Гарос годинава треба да започне на 23 мај, а лани турнирот беше поместен за октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Титула за Ѓоковиќ на Ролан Гарос за тениска историја

Катерина Павлова-Николовска

Ѓоковиќ против Циципас во финалето на Ролан Гарос

Ана Ололовска

Ѓоковиќ: Го одиграв најдобриот натпревар на Ролан Гарос во кариерата

Ана Ололовска

Сѐ е спремно за финишот на женскиот Ролан Гарос, финалистките првпат ќе си ги одмерат силите

Жарко Настоски

Ѓоковиќ оптимист пред полуфиналето со Надал

Катерина Павлова-Николовска

Медведев го спореди својот настап во Ролан Гарос со љубовна приказна

Ана Ололовска