Москва: 20-та титула за Возњацки

Од:

Данската тенисерка Каролина Возњацки е новиот шампион на турнирот во Москва откако во финалето ја совлада Саманта Стосур од Австралија со 6:2, 4.6, 7:5.

Тоа е трета победа, од вкупно шест меѓусебни дуели со Стосур, а до неа дојде по два часа и 15 минути игра.

При резултат 4:4 во одлучувачкиот сет, Возњацки спаси три брејк топки и не многу подоцна во 12-от гем ја реализираше втората меч топка.

Ова е јубилејна 20-та титула за Каролина Возњацки, а втора оваа сезона, по триумфот во Сеул во септември.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ