Мората ги напушта социјалните мрежи

Од:

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, го изненади фудбалскиот свет со својата одлука привремено да се повлече од социјалните мрежи. Иако за многу луѓе ова станува забава број 1 поради заканата од коронавирус, шпанскиот стрелец најави дека ќе одмори од својата врска со виртуелната околина.

– Јас ги напуштам социјалните мрежи на неодредено време. Се надевам дека сето ова брзо ќе помине и сите ќе бидете добро. Ве гушкам, напиша Мора на Инстаграм, каде има скоро 11 милиони следбеници.

Пред само еден ден, Алваро постави фотографија со неговиот татко во чест на Денот на таткото во Шпанија. Потоа го напиша следново: „Само се надевам дека моите деца ќе бидат горди на мене, како што сум јас со тебе. Среќен Ден на таткото. Благодарам што ми помогна да ги исполнам моите соништа. Те сакам многу, тато“.

Би можело да ве интересира

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна