Монтела ги повика сите симпатизери на Милан од Балканот да дојдат во Скопје

Од:

Иако Милан убедливо со 6-0 ја победи Шкeндија, тренерот на италијанскиот гигант Винченцо Монтела верува дека неговата екипа има голем простор за напредок во играта. Што се однесува до противникот, Шкендија, Монтела.

– Одигравме одличен натпревар и морам да сум задоволен, иако во секој случај гледам простор за напредок. Гледав натпревари на Шкендија и знаев дека треба што побрзо да ги отвориме и да стигнеме до рано водство. Го сторивме тоа и стигнавме до лесна и убедлива победа. Нивниот голман им беше најдобар играч, одбрани повеќе извонредни шутеви на нашите фудбалери, изјави Монтела.

Без оглед на убедливата предност од Милано, младиот стручњак најави подеднакво залагање на своите избраници и на реваншот за седум дена во Скопје.

– Знам дека имаме голем број на фанови и на Балканскиот полуостров, мило ми е што ќе патуваме во Скопје. Ги поканувам сите наши навивачи да дојдат на стадион на реваншот, додаде Монтела.

Реванш дуелот Шкендија – Милан ќе се игра во Скопје на 24 август.

Би можело да ве интересира

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голманот колабира пред мечот на гигантите, телевизискиот пренос прекинат

Предраг Петровиќ

Милан има нов напаѓач

Предраг Петровиќ

Милан за Калулу издвои 1,3 милиони евра, ќе го продаде за 50 пати поголема сума

Милан подготвиле нов договор за Жиру