Монако го суспендираше Анри

Од:

Монако го суспендираше Тиери Анри од тренерската позиција на клубот, додека не се донесе одлука за неговата иднина.

Од утре, тренинзите на „црвено-белите“ ќе ги води помошникот на Анри – Франк Паси.

Анри го презеде Монако пред три месеци откако го смени Португалецот Леонардо Жардим.

Легендата на Арсенал го предводеше тимот од Кнежеството во 20 натпревари во сите турнири, а тимот забележа 11 порази.

Во Лига 1 под водство на Анри, Монако има 12 натпревари во кои тимот има само 2 победи и ниту еден триумф како домаќин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Монако го купува Минамино

А1он

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска