Моjс доби отказ од Манчестер Јунајтед

Од:

Дејвид Моjс од денеска и официјално повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, соопштија од премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

Шкотланѓанецот на клупата на трофејниот англиски клуб беше 10 месеци, а дојде како наследник на легендарниот Алекс Фергусон.

Од клубот му се заблагодарија на Моjс за досегашната соработка, а за тоа кој ќе биде новиот менаџер се уште нема информации.

Манчестер Јунајтед се наоѓа пред најлошиот пласман во Премиер лигата неколкуте последни сезони. Актуелниот шампион по неделниот пораз од Евертон има 57 бодови и е седми на табелата. Нема ниту теоретски шанси за обезбедување пласман во Лигата на шампионите, што ќе значи отсуство од елитното натпреварување што е голем финансиски „удар“ за клубот.

Како можни наследници на Моес во англиските медиумисе спомнуваат Луј Ван Гал, Диего Симеоне и Лоран Блан.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска