Моја: Надал ќе се врати на терен кога ќе биде целосно подготвен

Од:

Рафаел Надал можеби нема да биде во целост подготвен до крајот на сезоната, соопшти неговиот тренер Карлос Моја.

Шпанскиот тенисер поради повреда му го предаде натпреварот од полуфиналето на Ју-Ес опен на Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, а потоа го откажа учеството на турнирите во Пекинг и Шангај.  Надал по Шангај ќе изгуби 1.100 бодови.

– Нема да правиме ништо ризично. Надал ќе се врати на терен кога ќе биде во целост подготвен. Имаме желба годината да ја завршиме на првото место, но не знам дали ќе успееме. Нештата сега се комплицирани, истакна Моја.

Надал би требало да се врати на терените на Мастерсот во Париз, кој се игра од 29 октомври до четврти ноември.

Би можело да ве интересира

Надал го „склопи“ совршениот тенисер

Предраг Петровиќ

Надал: Немам доволно големо его за да кријам – Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Ѓоковиќ е повторно број еден на АТП, Надал испадна од топ 100

Надал ќе одмори од тенисот

Надал му се налути на Мекинро за обвинувањата дека троши премногу време

Чориќ го елиминира Надал од мастерсот во Синсинати