Мохамед Салах е позитивен на Ковид-19

Од:

Фудбалскиот сојуз на Египет денеска соопшти дека фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, е заразен со новиот коронавирус. Според соопштението, 28-годишниот фудбалер бил позитивен на тестот, но немал никакви симптоми.

Другите играчи од репрезентацијата се негативни за Ковид-19. Египет ќе одигра два натпревара против селекцијата на Того в сабота и во вторник, во квалификациите за Африканскиот куп на нации.Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп има многу проблеми со составот поради повреди на играчите и коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

Салах ќе „паузира“ неколку недели

Горан Наумовски

Салах: Сакам да го освојам Африканскиот куп на нации, сакам да играм за Египет

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени