Модриќ: Се уште имам сили за Реал Мадрид

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ е амбициозен да им помогне на „лос бланкос“ и во следната сезона.

– Се чувствувам добро, иако оваа сезона не беше добра, признавам. Се уште имам сили за Реал Мадрид. Ќе дојдат одлични играчи. Тоа е она што ни треба. Се надевам дека ќе одиграм силна сезона, се надевам дека и Реал Мадрид ќе има силна сезона. Очекувам да се претставам на високо ниво, изјави актуелниот освојувач на „Златната топка“.

Тој додаде дека не размислил што точно ќе прави по крајот на кариерата.

– Сакам да останам поврзан со фудбалот, но не знам како. Кога мислам на ова, јас не се гледам себеси како тренер, тоа не е она што го сакам. Само кога ќе помислам колку ги боли глава од фудбалерите. За сега, размислувам само на тоа да уживам во играта, додаде Модриќ.

Би можело да ве интересира

Зидан не е засегнат од шпекулациите за негова можна смена со Мурињо

Ана Ололовска

Валверде: Време е да ставиме крај на ужасните игри

Ана Ололовска

Де Геа донира 200 илјади евра на „Црвениот крст“ по поплавите во Шпанија

Ана Ололовска

Барселона во дресот за 2020/2021 ќе нема „шаховница“

Ана Ололовска

Хоакин постави клупски рекорд на Бетис

Ана Ололовска

Мурињо му даде поддршка на Зидан

Ана Ололовска