Модриќ е кум на синот на Марин Чилиќ

Од:

Поранешниот гренд слем шампион, Марин Чилиќ и неговата сопруга Кристина денеска го крштеваа својот син Вито во Задар, каде што кум му беше славниот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

„Крштевањето на Вито. Прекрасен ден со семејството и пријателите. Благодарност до свештеникот Бојан и црквата ‘Срце Исусово’ во Задар за овој посебен ден. И секако, благодарам до кумот на Вито“, напиша Чилиќ на Инстаграм.

Чилиќ и неговата сопруга, инаку психолог и политиколог се запознаа кога тенисерот играше за хрватската Дејвис куп репрезентција во 2018 годдина во Дубровник. Тие се во брак од 2018 и имаат уште еден син, Балдо.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Модриќ: Премногу сум стар за да се вратам во Тотенхем

Ландов

Дрес на Лука Модриќ продаден за рекордни 7.000 евра

Ана Ололовска