Модриќ блиску до Бернабе, Тотенхем бара 50 милиони евра

Од:

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ се поблиску до преминот од Тотенхем во Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми.

Спортскиот весник „Марка“, кој е многу близок до кралскиот клуб, пишува дека се е веќе договорено. Останува уште да се постигне договор за висината на надоместокот што Реал ќе му го плати на Тотнхем кој за Модриќ бара 50 милиони евра.

Реал наводно може да понуди 35, но ќе се обиде да продаде некои од своите играчи кои не играат голема улога според тренерот Жозе Мурињо, а имаат високи примања, па така ќе се обидат да обезбедат дополнителни пари за трансферот на Модриќ.

Минатата сезона Лука Модруќ одигра за Тотнхем 40 натпревари и постигна 5 погодоци.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ