Мнозинството Јапонци не сакаат странски навивачи на Олимпијадата

Од:

Најновите испитувања на јавното мислење покажуват дека големо мнозинство Јапонци не сакаат доаѓање на странски навивачи на Олимписките игри (ОИ), што треба да се одржат во Токио од 23 јули до 8 август.

Според резултатите од анкетата објавена во весникот „Јомиури“, дури 77 отсто од анкетираните се изјасниле против доаѓање на странски навивачи, поради страв од ширење на заразата на коронавирус, додека само 18 проценти поддржуваат присуство на навивачи од странство на Игрите.

Претседателот на Организацискиот одбор на ОИ во Токио, Сеико Хашимото, изјави оти би сакала одлуката за присуство на странски навивачи да биде донесена најдоцна до 25 март, кога треба да биде запален олимпискиот оган.

Одлуката за максималниот број гледачи поединечно на секое од олимписките борилишта треба да боде донесена следниот месец. Според анкетата објавена во „Јомиури“, 48 отсто од испитаниците се изјасниле дека Игрите треба да се одржат без публика, додека 45 проценти од анкетираните се изјасниле за ограничен број гледачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија