Минимална победа на Русија против дебитантот на Европските првенства Финска

Од:

Русија ги задржа шансите за пласман во осминафиналето на ЕУРО2020, откако попладнево на домашен терен во Санкт Петерсбург го совлада дебитантот Финска со 1:0 (1:0) во рамки на воведниот натпревар од второто коло во групата Б.

Првиот триумф на Русија на Европското првенство и го донесе Алексеј Миранчук во судиското продолжение од првото полувреме.

Јоел Похјанпало, кој во премиерниот натпревар против Данска го постигна единствениот гол во историскиот прв триумф на Финците на ЕУРИ2020, денеска повторно ја затресе противничката мрежа, но неговиот гол во 5. минута беше поништен поради офсајд.

Второто коло во групата Б ќе се комплетира утре, со натпреварот меѓу Белгија и Данска од 18 часот во Копенхаген.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ