Екипата на Атланта во рамките на претсезонските натпревари во НБА лигата ноќеска претрпе пораз на гостувањето кај Чикаго со 85:84 (15:20; 17:22; 24:15; 38:18). Македонскиот кошаркар во редовите на Атланта, Перо Антиќ постигна осум поени за 14 минути игра.
Антиќ имаше шут од игра два погодени од седум обиди и од линијата за слободни фрлања два од два и еден скок.
Во поголемиот дел од натпреварот тимот на Атланта имаше водство, но победничкиот кош (тројка) за Чикаго, Џими Батлер го постигна со звукот на сирената. Воедно Батлер беше и најефикасен на натпреварот со 29 поени.