Милевски се враќа на чело на селекцијата на Македонија до 21 година

Од:

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да го назначи Благоја Милевски на позицијата селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Милевски се враќа на чело на селекцијата, со која на Македонија и го донесе најголемиот фудбалски успех со пласманот на ЕП 2017 година во Полска.

– Се радувам на новите предизвици и можноста повторно да соработуваме, останува да се договорат одредени детали за официјализирање на соработката во однос на договорот. Свесен сум за ситуацијата која е пред нас, но не се плашиме, верувам во репрезентацијата, во момците и ќе бидеме подготвени за новите предизвици. Веројатно ова е една од најтешките задачи во мојата кариера, но тука сум, повик од националната репрезентација не се одбива. Квалитет постои, знам дека можеме да успееме и не би прифатил ангажман доколку не верувам во момците и во својата работа. Се надевам дека може да направиме резултат, изјави Милевски, цитиран од ФФМ.

Во септември стартува новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2021 година, а младинците се во групата со Фарски Острови, Црна Гора, Казахстан, Шпанија и Израел.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Милевски ќе остане селектор до крајот на квалификациите за ЕВРО 2024

Милевски и Елмас: Максимално ангажирано и на победа против Фарски Острови

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Милевски: Ја добивме најтешката група, но веруваме во себе