Милевски: Играчите покажаа како треба да се игра за својата земја

Од:

Со натпреварот против Португалија, нашите фудбалери кои беа дел од ЕП во Полска до 21 година го завршија циклусот на натпревари во оваа возрасна категорија. Ова беше прва македонска фудбалска репрезентација која избори учество и настпуваше на едно Европско првенство. Шампионатот избраниците на селекторот Благоја Милевски го завршија со едно реми (2:2 со Србија) и два пораза (0:5 Шпанија и 2:4 Португалија).

dobivaj vesti na viber

– Голема благодарност за секој од фудбалерите. Тие покажаа како треба да се игра за својата земја. Македонија на ова Европско првенство дојде со намера да се надигрува со секој противник без разлика на името. И на последниот дуел бевме конкурентни. Брзо го загубивме Радески и моравме да менуваме. Односот на моите фудбалери е тоа што најмногу ми се допаѓа. Честитки за Португалија за победата, изјави Милевски.

Македонија шампионатот ќе го заврши пласирана од 10 – 12 место.

Би можело да ве интересира

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски

Васоски го донесе Аврамовски во Сараево

Ана Ололовска

Шкендија со четири контролни дуели на зимските подготовки во Анталија

Ана Ололовска

Бразилско засилување во редовите на Шкендија

Ана Ололовска

Костадинов нов член на полски Пјаст Гливице

А1он

ФИФА ранг-листа: Македонските фудбалери ја завршуваат годината на 67. место

А1он