Милевски го објави списокот на фудбалери за натпреварите со Украина и Австралија

Од:

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против селекцијата на Украина на 5 септември и за контролниот дуел со Австралија, два дена подоцна.

За дуелот од квалификациите за Европското првенство во Полска во 2017 и пријателскиот натпревар повикани се следните фудбалери:

Голмани: Дени Илиев (Арсенал), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Дамјан Шишковски (Работнички);

Одбрана: Ѓоко Зајков (Рен), Дарко Велковски (Вардар), Филип Ристовски (Металург), Бесир Демири (Шкендија), Висар Муслиу (Ренова), Мевљан Мурати (Шкупи), Филип Петрески (Мелбурн), Леон Најдовски (Работнички);

Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт), Давид Бабунски (Барселона Б), Бурхан Мустафов (Пелистер), Даниел Аврамовски (ОФК Београд), Никола Кулески (ФК Сиднеј);

Напад: Марјан Радески (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички), Христијан Денковски (Гронинген), Демир Имери (Хоризонт Турново), Виктор Ангелов (Металург), Ваљмир Нафиу (Апоел).

Дени Илиев, Енис Барди, Христијан Денковски и Даниел Аврамовски се повратници во репрезентацијата кои поради повреда не беа во конкуренција за настап на последниот квалификациски натпревар против селекцијата на Исланд. Демир Имери поради добрата форма во екипата на Хоризонт Турново е повикан на местото на Јасир Асани. Мевљан Мурати ќе дебитира на овие два натпревари.

Доријан Бабунски и Александар Пивковски не се повикани бидејќи се уште се во потрага по нови средини. Двата натпревара ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, рече Милевски.

Дуелот од квалификациите против селекцијата на Украина се игра на 5 септември со почеток од 16 часот, а контролниот дуел со Австралија е закажан за 7 септември во 16.30 часот. Влезот за публиката е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска