Милевски: Да ги завршиме квалификациите се добри игри и по можност со две победи

Од:

Младата македонска фудбалска репрезентација на 12 ноември против Израел и на 17 ноември против Црна Гора ќе ги одигра двата последни натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2021. Селекторот Благоја Милевски најави игра на победа на двата меча.

Сметам дека е многу важно да ги заокружиме овие квалификации со натпревари во кои ќе прикажеме добра игра и секако ќе бараме победа. Впечатокот е дека направивме одлична селекција, играме квалитетен циклус, се надевам дека во таа насока и ќе завршиме, а ќе видиме што ќе ни донесе тоа на крај. Голем дел од фудбалерите веќе потврдија дека имаат потенцијал за А репрезентацијата, а тоа значи дека сме направиле добра работа, изјави Благоја Милевски за веб-страницата на ФФМ.

Македонската репрезентација е на второто место во Групата-6 со 14 бода. Лидер е Шпанија со 22 бода, Израел има 12 на третото место, Казахстан е четврти со 10, Црна Гора е петта со седум освоени бодови. Последен е Фарски Острови со шест бода.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невиден дебакл на младите кошаркарки – пораз со 66 коша разлика, без поен во две четвртини

Жарко Настоски

Младите репрезентативци се спасуваа од пораз против Израел во квалификациите за ЕП

Жарко Настоски

Нова победа на младата македонска фудбалска репрезентација

Наум Локоски