Милер и Хумелс по три години се враќаат во репрезентацијата на Германија

Од:

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, го објави списокот со играчи кои ќе конкурираат за настап на Евро 2020.

Помеѓу 26-те повикани се и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс и напаѓачот на Баерн, Томас Милер. Тие немаат играно за националниот тим од ноември 2018 година.

Лев ги повика следниве фудбалери:

Голмани: Бернд Лено, Мануел Ноер, Кевин Трап;

Одбрана: Матијас Гинтер, Робин Гозенс, Кристијан Гинтер, Марсел Халстенберг, Матс Хумелс, Лукас Клостерман, Робин Кох, Антонио Рудигер, Никлас Суле;

Среден ред и напад: Емре Џан, Серж Гнабри, Леон Горецка, Илкај Гундоган, Кај Хаверц, Јонас Хофман, Џошуа Кимих, Тони Крос, Томас Милер, Џамал Мусиала, Флоријан Нојхаус, Лерој Сане, Кевин Фоланд и Тимо Вернер.

Репрезентацијата на Германија се наоѓа во Ф-групата заедно со Унгарија, Португалија и Франција.

Би можело да ве интересира

Нагелсман импресиониран од изданијата на Баерн на стартот на сезоната

Ана Ололовска

Баерн Минхен донесе хрватски тинејџер

Ана Ололовска

Авионот со германските репрезентативци принудно слетал во Шкотска

Ана Ололовска

Баерн ја забележа втората најголема победа во својата историја

Ана Ололовска

Редл повеќе не е селектор на Германија

А1он

Почина кралот на стрелците, легендарниот Герд Милер

Катерина Павлова-Николовска