Милер е првиот фудбалер во Бундеслигата со 150 асистенции

Од:

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер стана првиот играч во Бундеслигата со 150 асистенции.

Милер вечерва на гостувањето кај Арминија во мечот од 4. коло му асистираше на Роберт Левандовски пред крајот на првото полувреме за во тој момент водство на Баерн од 3:0.

За Милер оваа асистенција беше 150-та во германскиот шампионат. Ова е најдобриот резултат за време на водење статистика за асистенции од сезоната 1988/89.

Од почетокот на минатата сезона, 31-годишниот Германец десет пати му асистираше на Левандовски на натпреварите во германскиот шампионат.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска