Милан има нов тренер

Од:

Италијанскиот клуб Милан вечерва официјално потврди кој ќе биде наследник на Џенаро Гатузо.

Нов тренер на „росонерите“ е Марко Џампаоло, кој претходната сезона ја водеше Сампдорија. Тој потпиша договор со клубот од Милано за две години, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Џампаоло, кој ќе биде 60-тиот тренер во историјата на Милан, а осмиот откако Макс Алегри го напушти клубот во јануари 2014 година, ќе заработува два милиони евра годишно на „Сан Сиро“, објавија медиумите во Италија.

51-годишниот стратег, пред Милан и Сампдорија, предводеше голем број италијански клубови, меѓу кои и Каљари, Сиена, Емполи и Катанија.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска