Милан брани два гола предност против Барселона

Од:

Екипата на Милан вечерва на „Камп Ноу“ против Барселона ќе ја брани предноста од 2:0 остварена на првиот дуел од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Пред овој дуел многу комплименти си поделија од противничките табори, но и двете екипи се оптимисти за вкупна победа.

Жерард Пике побара помош од навивачите во текот на целиот натпревар.

– Доколку не верувате во конечен триумф подарете ги купените влезници на некои кои се оптимисти. Вечерва таквите ќе ни требаат да бидат со нас. Ние сме победничка екипа, психолошки сме добро подготвени и одиме во четвртфинале, изјави оптимистички Пике.

Капитенот на Милан, Масимо Амброзини очекува тој и поискусните негови соиграчи да допринесат за одбивање на првиот противнички „бран“.

– Располагаме со играчи кои се искусни и имаат играно многу вакви натпревари. Очекувам тоа искуство да го пренесат на младите и да не потпаднеме под еуфоричната атмосфера која сигурно ќе биде создадена на „Камп Ноу“. Доколку го одбиеме првиот налет на домаќините, тогаш ќе биде полесно. Нашата шанса се контра-нападите, изјави Амброзини.

Освен средбата во Барселона, вечерва се игра и реваншот меѓу Шалке и Галатасарај. На првиот дуел одигран во Истанбул резултатот беше нерешен 1:1.

Почетокот на двата натпревара е во 20 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска