Мик Шумахер: Формула 1 е мојата судбина

Синот на Михаел Шумахер, Мик, тврди дека Формула 1 е неговата судбина.

Во моментов тој се натпреварува во Формула 2, но сепак е дел од програмата на Ферари за млади пилоти и минатиот месец дури направи деби на тестовите, откако возеше како за „Скудерија“, така и за Алфа Ромео во Бахреин.

– Не сакам да се споредувам со никој од сегашните пилоти во Формула 1. Човекот со кого треба да се споредувам е татко ми. Морам да видам какви се неговите чекори и што направил поинаку од другите за да ги постигне овие успеси. Тоа е она за што сакам. Се разбира во моментов во Формула 1 има страшно талентирани пилоти кои немаше да се натпреваруваат, ако немаат квалитети, па секогаш е убаво да зборуваш со нив и да учиш колку можеш повеќе. Да, мислам дека да возам во Формула 1 е моја судбина, изјави 20-годишниот Мик пред „Скај Спорт“.

Тој ја освои титулата во Формула 3 по силните презентации во последните натпреварувања и тоа му обезбеди место во Формула 2. Тој годинава заврши освои бодови во 3 од првите 4 натпревари до сега.

– Многу е важно работите да се случуваат чекор по чекор и Ф2 најверојатно е последното скалило пред Формула 1. Задоволен сум како се одвиваат работите за мене, бидејќи да возиш во Формула 2 мислам дека е потешко во некои односи од Формула 1. Тоа сепак е многу добра подготовка за највисоко ниво, рече уште Мик Шумахер.

Би можело да ве интересира

Ред Бул ги урна сите брзински рекорди на Ф1 трката во Силверстон

Хонда ќе се израмни со Мерцедес со следната надградба

Ана Ололовска

Фетел ќе го загуби статусот на број еден во Ферари

Еди Џордан: Хамилтон ќе оди во Ферари, Фетел и Верстапен ќе возат за Мерцедес

Шести триумф за Хамилтон на британското Гран при

Фетел за слабите квалификации пред ГП на Велика Британија: Барем влегов во третата фаза