Михајловски нов претседател на СЕХА

Од:

Првиот човек на Вардар Про и доскорешниот претседател на Ракометната федерација на Македонија Михајло Михајловски е избран за нов претседател на регионалната СЕХА лига.

Оваа одлука беше донесена на денешното Собрание одржано во Скопје. 

Михајловски на оваа функција доаѓа на местото на Санди Шола кој поради криминалната афера во „Карловачка банка“ поднесе оставка.

Нов спонзор на СЕХА лигата е рускиот „Газпром“ кој ќе ги сноси трошоците за патување и сместување на клубовите доколку тие го исполнат условот да обезбедат по 2.000 гледачи на натпреварите како и да се вршат директни преноси од полвина натпревари во ова натпреварување.

Лигата во следната сезона ќе брои 10-12 клубови (по два од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, како и по еден од Црна Гора, Словачка и Белорусија.

„Газпром“ обезбеди и вредни парични награди за најдобрите екипи. Шампионот ќе добие 35 илјади евра, другиот финалист 25 илјади, третопласираниот 15 илјади, додека четвртопласираниот 5.000 евра.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ