„Метла“ од Голден стејт за Портланд

Од:

Екипата на Голден стејт ќе игра во големото финале на НБА-лигата откако рано утрово го победи Портланд на негов терен со 119:117. До триумфот „воините“ дојдоа по продолжение од пет минути, бидејќи мечот во основите 48 минути заврши нерешено 111:111.

Најзаслужен за триумфот на гостите беше Стеф Кари со трипл-дабл ефект – 37 поени, 11 асистенции и 13 скока.

Финалната серија во Западната конференција заврши со „чисти“ 4-0 за Голден стејт.

Противник на актуелниот шампион во борбата за трофејот ќе биде поуспешниот од финалето на Истокот каде во моментов Милвоки води против Торонто со 2-1 во серијата прв до четири победи.

Би можело да ве интересира

Грифин: Лос Анџелес е град на Лејкерси, а не на Клиперси

Ана Ололовска

Гордон го продолжи договорот со Рокетси

Ана Ололовска

Калдерон може да стави крај на својата кариера

Ана Ололовска

Хауард потпиша за Лејкерс

Ана Ололовска

Новата НБА сезона ќе почне на 22 октомври

А1он

Вокер го смени Ирвинг во Селтикс

Ана Ололовска