Металург против Силкеборг

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург денеска во 17 часот, во рамките на 3. коло од Лигата на шампионите ќе игра против дански Силкеборг.

Ракометарите на Металург по победите во првите две кола се расположени да ја продолжат успешната серија и на третиот натпревар, иако се свесни дека тоа нема да биде воопшто лесно.

„Формата на Металург оди во нагорна линија, што ни дава право да атакуваме на победа и во третиот натпревар во годинешната ЛШ. Секако дека тоа ќе биде тешко бидејќи Силкеборг е незгодна екипа, која е опасна на крилните позиции, а главна одлика и е брзиот скок-шут. Победа ќе значи дека веќе со една нога сме во следната фаза“, вели Филип Миркуловски.

Поради повредата на носот, Металург не може да смета на Велко Маркоски, но затоа се враќа закрепнатиот лев бек Митко Стоилов.

 

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ