Металург и КЛ7 најуспешни на меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“

Од:

Екипите на Металург и на КЛ7 се победници на првиот меѓународен турнир за млади ракометари “КЛ7 2020” одржан викендот во Скопје.

На турнирот учествуваа пет клуба со осум екипи во две категории: 2002 и помали, 2004 и помали.

Во конкуренција на ракометари родени 2004 и помлади наградите ги добија победи Металург пред КЛ7 и вардар. Најдобар голман е Иван Галевски (РК КЛ7), најдобар стрелец Славчо Шулески (РК КЛ7), најдобар играч: Андреј Стојановски (РК Металург).

Кај генерација 2002 и помали победник е тимот на РК КЛ7 пред РК Металург и РК ПИК Сегед (Унгарија). Најдобар голман е Марк Бицок (РК ПИК Сегед), најдобар стрелец Емилијан Ѓорговски (РК КЛ7), најдобар играч: Стефан Додиќ (РК Металург).

Признанијата на најуспешните ги врачија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров.

Би можело да ве интересира

Извлечени групите за ракометната Супер Лига

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во првиот шешир за извлекувањето на претквалификациските групи за СП 2021

Ана Ололовска

Филип Чурлевски нов играч на РК Прилеп

Ана Ололовска

Македонската репрезентација попладне ќе ги добие противниците во квалификациите за ЕП 2022

Ана Ололовска

Заради корона пандемијата се откажува шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Ана Ололовска

Познат изгледот на шеширите за баражите за СП 2021, С. Македонија во групата неносители

Ана Ололовска