Металург ангажираше ново десно крило

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург, откако не успеа да ја продолжи соработката со Никола Костески најде нов ракометар на десната крилна позиција. Се работи за Анте Токиќ (23 г., 190 см, 86 кг.), кој е млад и перспективен ракометар од Хрватска.

Токиќ досега настапувал за екипата на Вараждин, поранешен е кадетски и младински репрезентативец на својата земја, а од оваа сезона е и дел од сениорската репрезентација на Хрватска, во која за позицијата десно крило конкурира со далеку поискусните Златко Хорват и Иван Чупиќ.

Хрватскиот интернационалец со Металург договори двегодишна соработка, а како причини за доаѓањето во Скопје ги наведе желбите за свој понатамошен развој, играњето во силни лиги во кои настапува Металург и секако присуството на Лино Червар, од кого Токиќ има желба да учи.

– Металург е големо име во европскиот клупски ракомет и долги години е дел од Лигата на шампионите. Тоа е тим што никогаш не се предава, па така Металург во минатата сезона беше еден од ретките што успеале да го поразат Вардар, а тоа многу кажува за карактерот на мојот нов клуб. Во Металург дојдов за да направам чекор напред во мојата спортска кариера, а особено задоволство ми претставува можноста да заиграм во две исклучително силни лиги, какви што се Лигата на шампионите и СЕХА-лигата. Но, една од најважните причини за моето доаѓање во Скопје е Лино Червар, од кого во следните две сезони очекувам да научам многу за ракометниот спорт, изјави Токиќ за клупската веб страна на Металург.

Покрај Анте Токиќ, на позиција десно крило Металург го има и Александар Гуглета, но и младинскиот репрезентативец на Македонија Мице Шилегов, кој дојде од редовите на Металург 2.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска