Меси: Знам дека Копа не е мојот најдобар турнир, но терените се ужасни

Од:

Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси се пожали од терените во Бразил, кои му пречат да ги покаже квалитетите на Копа Америка.

Неколкупати порано, и селекторот Лионел Скалони зборуваше критично за состојбата на терените. Сепак, Аргентина ја порази Венецуела 2:0 и е веќе во полуфиналето, каде очекува судир со Бразил.

„Знам дека ова не е мојот најдобар турнир. Не сакам да звучи како оправдување, но ме чини големи напори да играм на вакви терени. Тие се во срамна состојба за вакво натпреварување. Нерамни, топката подрипнува и бега, има дупки. Се уште треба да се прилагодуваме, бидејќи сме професионалци, но е крајно тешко да се игра. Но, таква е ситуацијата и ние треба да се помириме. Играме се подобро и против Венецуела прогресот на ниво колективна игра беше видлив, прoкоментира Меси по вчерашниот дуел.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот