Меси во ПСЖ ќе игра во дресот со број 30

Од:

По неговото заминување од Барселона, Меси официјално има нов клуб, а со тоа и нов број. Аргентинецот, на теренот за францускиот гигант одбра да го носи дресот со број 30.

Нејмар веќе го зазема претпочитаниот број 10 на Меси, кој го носеше во поголемиот дел од својата кариера со Барселона.

Меси го носеше бројот 30 и во Барселона, кога првпат настапуваше во сениорскиот тим во сезоната 2004-2005 година.

Вчера Меси официјално стана нов фудбалер на ПСЖ потпишувајќи двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајстории на Меси на отворањето на новата сезона

Шпански медиуми: Меси ја изневерил сопругата со новинарка која ја следи репрезентацијата

Откриени резултатите-познато кој годинава ќе ја освои Златната топка

Главниот услов за враќање на Меси во Барселона е исполнет, одлуката останува на него

Меси го напушти теренот повреден, по него сета публика си замина

Предраг Петровиќ

Телохранителот на Меси месечно заработува цело богатство

Предраг Петровиќ