Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси потврдува дека е среќен во редовите на каталонскиот клуб, но и дека постои можност да го напушти „Камп Ноу“ иако не сака тоа да се случи.
– Многу сум среќен што и натаму сум овде. Челниците на клубот ќе одлучат за мојата иднина, а јас секако би сакал да останам, бидејќи и понатаму чувствувам дека имам поддршка, изјави Меси за шпанските медиуми.
Ако ситуацијата се смени, додаде, ќе морам да најдам алтернатива, бидејќи јас му посакувам најдобро на клубот.
Шпанските медиуми побрзаа со претпоставките каде би можел Меси да ја продолжи кариерата. Најголеми шанси во своите редови да го добие меси му се даваат на англискиот премиер лигаш Челзи, како и на францускиот шампион П.С.Ж., имајќи в предвид дека нивните богати сопственици не би штеделе пари да го добијат Меси.
Пред само два дена откако Барселона не успеа да го совлада Атлетико Мадрид во директниот дуел за шампионскиот трофеј, Меси на навивачите на Барселона им порача дека следната сезона ќе биде многу поуспешна притоа извинувајќи се што клубот сезоната ја заврши без освоен трофеј.