Меси: Првата година во ПСЖ ми донесе многу емоции

Од:

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, е полн со позитивни впечатоци по првата сезона во Париз. Аргентинската ѕвезда ја оцени како успешна првата година откако замина од Барселона.

„За првпат ми се случија многу работи во ПСЖ. Се сеќавам на мојот прв натпревар против Ремс. Тоа беше мојот прв натпревар на „Паркот на принцовите“ и беше големо искуство. Потоа го постигнав мојот прв гол во лигата против Нант. Првата година во ПСЖ ми донесе многу емоции“, изјави Меси, за официјалниот сајт на Пари Сен Жермен.

Меси како слободен играч се пресели од Барселона во ПСЖ во летото 2021 година. Во својата прва сезона за Париз, Аргентинецот постигна шест гола и забележа 15 асистенции на 26 натпревари во француската Лига 1.

Во сезоната 2021/22, Лионел Меси стана шампион на Франција со ПСЖ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајстории на Меси на отворањето на новата сезона

Шпански медиуми: Меси ја изневерил сопругата со новинарка која ја следи репрезентацијата

Откриени резултатите-познато кој годинава ќе ја освои Златната топка

Главниот услов за враќање на Меси во Барселона е исполнет, одлуката останува на него

Меси го напушти теренот повреден, по него сета публика си замина

Предраг Петровиќ

Телохранителот на Меси месечно заработува цело богатство

Предраг Петровиќ