Меси пропушти тренинг на Барсa

Од:

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси не учествуваше на тренинзите на тимот, но тоа не е поврзано со повреда, објави „Ел Мундо Депортиво“.

Аргентинскиот фудбалер тренираше индивидуално, но тоа нема да го спречи да ги продолжи подготовките по продолжувањето на шпанскиот шампионат.

Во групата на Каталонците денес беа вратени Самуел Умтити и Ансу Фати.

Младите играчи Ињаки Пења, Араујо, Рики Пуч, Алекс Кољадо, Чуми, Хорхе Куенка и Кике Саверио исто така тренираа со првиот тим.

Меси (32) е дете на Барселона. Оваа сезона тој учествуваше на 22 натпревари од шпанскиот шампионат, во кои постигна 19 голови и асистираше за 12.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат