Меси по шести пат најдобар стрелец во Примера

Од:

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, стана најдобриот стрелец во шампионатот во Шпанија за сезоната 2018/19. Аргентинецот постигна 36 гола, убедливо повеќе од своите конкуренти – соиграчот Луис Суарез и напаѓачот на Реал, Карим Бензема кои во листата на стрелците се запишаа по 21 пат.

Претходно Меси трофејот Пичичи гомосвојуваше во 2010, 2012, 2013, 2017 и 2018 година.

Капитенот на каталонскиот тим се изедначи со Телмо Сара, кој исто така шест пати беше најдобар стрелец во лигата (1945, 1946, 1947, 1951, 1953).

По пет трофеи Пичичи имаат Алфредо Ди Стефано, Енрике “Кини” Кастро и Хуго Санчез.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска