Меси: Не преговарам за нов договор со Барселона

Од:

Лионел Меси изјави дека не може да ги коментира клаузулите во неговиот договор со Барселона и дали тој ќе биде обновен или не.

– Татко ми е задолжен за моите договори со клубот, но сега не преговараме за нов, изјави Аргентинецот.

Потсетуваме дека се појавија информации дека офанзивниот фудбалер може да ја напушти Барселона на крајот на сезоната со бесплатен трансфер поради опција во неговиот договор. Каталонците побрзаа да ги уверат своите фанови и најавија дека се подготвени да му понудат доживотен договор.

– Не можам да потврдам ништо затоа што договорот меѓу мене и Барселона е доверлив. Затоа не можам да коментирам за ништо поврзано со него. Не сакам да имам многу долг договор и да бидам во тимот заради него. Сакам да бидам тука затоа што се чувствувам добро физички, играм на високо ниво и сум важен играч за тимот. За мене повисока плата или некои клаузули не значат ништо, други работи ме мотивираат и мислам дека најважно е да се има клуб кој победува, додаде легендата на Барселона.

Би можело да ве интересира

Марсело: Сите со нетрпение го чекаме првиот натпревар по паузата

Ана Ололовска

Реал стана најскапиот клуб во Европа

Ана Ололовска

Екс-претседателот на Барселона: Ако Реал беше лидер, првенството ќе завршеше пред предвиденото

Ана Ололовска

Реал Мадрид веќе нема да објавува продолжување на договорите со играчите

Ана Ололовска

Бејл: Не разбирам зошто нашите навивачи не исвиркуваат

Ана Ололовска

Нејмар повторно изрази желба да се врати во Барселона и за тоа е подготвен да ја намали платата

Ана Ололовска