Меси може да игра со Уругвај и Бразил, тренира со репрезентацијата на Аргентина

Од:

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси може да учествува на натпреварите против Уругвај и Бразил во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Триесет и четиригодишниот напаѓач, кој ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ, неодамна пристигна на локацијата на репрезентацијата и почна да тренира.

Според „Tyc Sports“, лекарскиот штаб на репрезентацијата му дозволил на Меси да го одигра целиот натпревар против Бразил на 17 ноември, а може да стартува или да биде замена на натпреварот против Уругвај на 13 ноември.

Меси продолжува да закрепнува од повредите на коленото и тетивата.

ПСЖ се противеше нивниот фудбалер да отпатува во Аргентина и да се одговори на репрезентативниот повик.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот