Меси: Кога Кристијано ме стигна со „Златните топки“, јас бев малку вознемирен

Од:

Капитенот на Барселона, Лионел Меси се осврна на ривалството со напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо по бројот на освоени „Златни топки“.

– Од една страна, го ценев фактот дека јас бев единствениот што успеав да освојам пет „Златни топки“. Кога Кристијано ме стигна, морам да признам, бев малку вознемирен. Повеќе не бев сам на врвот. Тоа беше нормално. Поубаво е кога сте сами на врвот, изјави Меси.

На новинарско прашање дали Аргентинецот е најдобриот играч во историјата на фудбалот, одговори:
„Искрено, тешко е да се каже. Во другите епохи, имаше одлични играчи, секогаш е тешко да се споредуваат со модерните играчи, Кристијано, Нејмар, Мбапе. Секој има свои преференци.

Искрено, не знам дали сум најдобриот играч во историјата на фудбалот. Имав среќа да ја освојам Златната топка уште еднаш. Тоа е пријатно.

Меси вчеравечер по шести пат ја освои наградата „Златна топка“ која „Франс фудбал“ ја доделува на најдобриот фудбалер за измината година.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Новитети во доделувањето на „Златната топка“

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот