Најдобриот фудбалер на Барселона, аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси денеска откри дека му било нудено да настапува за шпанската репрезентација.
– Ги слушнав коментарите дека не играм со доволно жар за Аргентина, дека не ја пеам химната и дека не го почитувам националниот дрес. Сакам да се знае дека ми нудеа да играм за Шпанија, но секогаш се знаеше мојот избор. Ја сакам Аргентина и тоа е единствената репрезентација за која имам желба да настапувам, напиша еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во книгата „Меси“ патриотот.
Лионел Меси за Аргентина дебитира во 2005 година кога имаше 18 години. На досегашните 83 натпревари има постигнато 37 голови. Секогаш бев страстен навивач на Аргентина. Ги гледав натпреварите на телевизија, бидејќи не бев во можност да одам на стадион. Во најлошо сеќавање ќе ми остане Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја кога испаднавме уште по првиот круг. Тоа беше болно да се гледа од дистанца, додаде Меси.
Аргентина на претстојниот Мундијал во Бразил ќе игра во Ф групата заедно со селекциите на Босна и Херцеговина, Иран и Нигерија.