Меси има неостварлива желба, да не биде популарен

Од:

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, откри во интервју за шпанските медиуми дека има потреба од приватност.

– Свесен сум и благодарен за поддршката што ја имам ширум светот, но би сакал да бидам анонимен, да можам со децата да отидам во кино, во продавница, ресторан … Точно е дека сум привилегиран поради животот што го имам, но постои и другата страна. Мојот живот честопати не е само моја приватна работа, изјави Меси во интервју за телевизиската станица „Ла Секста“ (La Sexta).

Меси во разговорот откри и оти најдобра соработка во кариерата имал со Пеп Гвардиола и Луис Енрике.

– Пеп Гвардиола имаше нешто посебно, тешко e дури и да се објасни. Имаше исклучителен пристап кон играчите, неговите тактички реакции беа едноставни, а многу продуктивни. На секому му беше јасно што треба да прави и како да стигнеме до резултат. И Луис Енрике беше сличен. Од нив научив како да го разберам фудбалот, покрај нив напредував и како играч, рече Меси.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот