Меси го прокоментира неговиот однос со Гризман

Од:

Суперsвездата на Барселона, Лионел Меси ги коментираше гласините дека имало конфликт помеѓу него и летното засилување, Антоан Гризман. Аргентинецот негираше недоразбирање со францускиот напаѓач, кој дојде на „Камп Ноу“ по долга трансфер сага.

Според статистичките податоци од натпреварот во Лигата на шампионите, Меси и Гризман немаат скоро никаков контакт на теренот. За цели 90 минути од натпреварот, тие разменија вкупно 5 додавања – 2 од Гризман кон Меси и 3 во спротивна насока.

– Јас немам проблем со Гризман, како и со сите други играчи. Сè е во ред помеѓу раководството и играчите. Со оглед на победите над Интер и Хетафе, ние мора да го потврдиме успехот со тоа што ќе ја победиме Севиља, со цел да преминеме спокојно кон натпреварите на националните тимови, рече Меси, цитиран од „Кориере дело Спорт“.

Би можело да ве интересира

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот