Меси го бара Бијелса на чело на Барса

Од:

Најдобриот фудбалер на Барселона и 6-кратен освојувач на наградата „Златна топка“, Лионел Меси сака промена на позицијата тренер во клубот од стадионот „Камп Ноу“.

Според островските медиуми, Меси, кој неодамна, откако ја загуби титулата во Ла Лига, изрази критика за играта и ситуацијата во целиот клуб, смета дека е крајно време за промени.

Оттука, тој апелирал до челниците на Барселона да направат се за да го доведат досегашниот менаџер на Лидс, Аргентинецот Марсел Бијлеса.

После две години работа во Јоркшир, Бијлеса успеа да го врати Лидс во Премиер Лигата по 16 години, а Меси верува дека тој би бил идеалниот тренер за „блаугранас“.

Оттука, се чини дека деновите на Кике Сетиен на „Камп Ноу“ се одброени, иако тој доби поддршка од клубот за да го води тимот во Лигата на шампиони.

Се верува дека претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу сака да го доведе поранешниот играч на Барселона, Чави Ернандез, на позиција тренер, но тој е прилично резервиран за враќање во клубот каде имаше голем успех како играч.

Затоа Меси смета дека искусниот Бијлеса, која неодамна го прослави својот 65-ти роденден, би бил идеален кандидат за спроведување на значителни промени.

Факт е дека Бијлеса допрва треба да ја продолжи соработката со Лидс, а доколку навистина пристигне понудата на Барселона, прашање е како клубот од Јоркшир ќе го задржи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска