Мертенс би требало да се опорави за реваншот со Барселона

Од:

Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс нема да може да му помогне на својот тим во следните десетина дена поради повредата добиена во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со Барселона (1:1).

Триесет и двегодишниот Белгиец се здоби со повреда на стапалото по дуелот со играчот од средниот ред на Каталонците, Серхио Бускетс.

Според новинарот на „Скај спорт Италија“ Џанлуика Ди Марцио, Мертенс ќе пропушти 10 дена и ќе има време да закрепне за повратниот меч со Барселона, што ќе се одржи на 18 март.

Мертенс вчера го постигна 121. гол за Наполи и сега го дели првото место во клупската историја со Марек Хамшик.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска