„Мерцедес“ подготвува уште една „off-road“ ексклузива

Од:

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес“ на купувачите со подлабоки џепови ќе им го понуди моделот „G65 AMG 4х4“ со отворен покрив и V12 мотор.

По моделот „G500 4х4“, што чини повеќе од 220.000 евра, на пазарот наскоро ќе пристигне уште еден ексклузивен теренец со „трокраката ѕвезда“, овој пат во кабриолет верзија.

Како најава на премиерата на овој модел „Мерцедес“ ја објави првата „тизер“ фотографија, на која се гледа задниот дел од возилото.

Засега не се познати деталите за моделот, но најавено е дека „G65 AMG 4х4 Convertible“ под хаубата ќе има моќен 6-литарски би-турбо V12 мотор со повеќе од 600 кс.

За потсетување, „Мерцедес G500 4х4“ сила добиваше од 4-литарски би-турбо V8 агрегат со 422 кс (310 кW) и 620 Nm.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска