Мерцедес казнет со 5.000 евра

Од:

Формула 1 тимот на Мерцедес, треба да плати казна од пет илјади евра, откако инспекцијата на Интернационалната автомобилска федерација, ФИА, утврдила прекршување на едно правило поврзано со горивото.

На првиот слободен тренинг во Сингапур, температурата на горивото била пониска од дозволената. Според правилата, горивото не смее да биде оладено за повеќе од 10 степени целзиусови во однос на надворешната температура на воздухот. Во болидот на светскиот првак Луис Хамилтон, измерената температура била за 11 степени пониска.

Попладнево се возат официјалните квалификации за Големата награда на Сингапур на патеката „Марина беј“, а трката е утре.

Би можело да ве интересира

Мекларен не е задоволен од тоа колку ги пуштаат на телевизија

Ирвајн: Леклер е побрз од Верстапен

Леклер: Среќен сум што имам клупски колега како Фетел

Верстапен кон Леклер: Возиш неодговорно!

Стјуардите сепак го казнија Леклер

Ботас го освои Гран-при на Јапонија, Мерцедес шампион кај конструкторите