Мерцедес ги смени боите на болидот по разговор со Хамилтон

Од:

Вчера Мерцедес претстави нов дизајн на автомобилот, со кој ќе се борат за титулата оваа сезона. Со тоа, тимот ќе застане уште поцврсто против расизмот и започнува ново поглавје во својата историја, бидејќи „Сребрените стрели“ со години се сребрени и промената за нив е дефинитивно голема.

Во срцето на овој смел потег е нивниот пилот Луис Хамилтон, кој е отворен поддржувач на движењето „Black Lives Matter“. Учествува во протестите, активно ги користи своите социјални канали за да го изнесе својот став и смело ги критикува сите што молчат за ова прашање.

Шесткратниот светски шампион го покрена ова прашање пред еден месец и разговараше со тимскиот шеф Тото Волф. Тој вчера пред медиумите во Виена изјави дека Хамилтон побарал од тимот да даде поголема поддршка на каузата и да направи повеќе отколку само да објавува постови на социјалните медиуми.

Вака се појави идејата за промена на бојата, што денес гледаме дека е реализирано. Пораката „крај на расизмот“ и ознаката #WeRaceAsOne на Формула 1, која ја поддржува иницијативата за разновидност, се напишани на автомобилот.

Опремата на Луис Хамилтон и Валтери Ботас исто така стана црна.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона