Мерцедес АМГ ГТ-3 пристигнува во Женева

Од:

Мерцедес АМГ потврди дека спортски модел базиран на новиот ГТ и наследникот на СЛС АМГ ќе влезе во сериско производство во 2016 година, а ќе биде официјално претставен на Саемот на автомобили во Женева.

Според објавената тизер фотографија на интернет може да се види дека возилото има пошироки пневматици и нова решетка на ладилникот, како и дека моделот и изработен по ФИА ГТ3 спецификации.

Тоа значи дека ќе биде конкурент на Астон Мартина Вантаж ГТ3, Ауди Р8 ЛМС ултра, Бентли континентал ГТ3, Ламборџини Хурикан ГТ3 и останатите модели од ГТ3 натпреварувањето.

Моторот е обновен твин-турбо 4,0 литарски В8 од ГТ изведбата, но се очекува стандардниот седумстепен менувач со двојна спојка да биде заменет со секвенционален менувач.

Цената се очекува да изнесува околу 450.000 евра, а повеќе информации ќе бидат достапни по премиерата во март на Саемот во Женева.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска