Меморијален планинарски марш во Гевгелија посветен на Димитар Кангов

Од:

Во организација на Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија денеска ќе се одржи меморијаленпланинарски марш во чест и сеќавање на својот долгогодишен член Димитар Кангов-Кангата кој во 2004 година ненадејно почина при искачување на врвот Џена на планината Кожуф, кој се наоѓа на грчка територија.

Организаторите појаснија дека наместо по трасата по која се искачуваше Кангов, меморијалот ќе се изведе со искачување на највисокиот врв на Кожуф Планина, Зелен брег на македонска територија, кој е висок 2.166 метри и се наоѓа на само неколку стотина метри оддалеченост од местото на кое загина Кангов.

Патеката по која ќе се изведе маршот е со висинска разлика од 520 метри, долга е седум километри, според планинарите во двата правца се минува за шест часа пешачење со потребните паузи и спаѓа во категоријата лесни патеки.

Меморијалниот марш што ќе почне во 8 часот од месноста Аџибарица, годинава е ставен и во календарот на акции на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Би можело да ве интересира

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска

Спасени четворица кои залутале на Кожув